При крајот на ноември 2011 повторно во сопствена режија работевме на оплатирање, армирање и бетонирање заштитни тротоари околу куќата. Како што се гледа и од насловот, ова е уште една епизода од повторно серијалот „направи сам“.
Бидејќи при градењето на куќата останаа арматурни прачки со различна должина и димензија на напречниот пресек, а заради економичност при градбата, решивме да ги искористиме за армирање на тротоарите. Затоа на некои слики ќе видите неправилни геометриски форми на арматурата поставена во двата правци. На местата каде што имаше потреба поставивме постелка од чакал на претходно добро набиено тло од глиновито-песоклива почва.
Широчината на тротоарот од куќата изнесува 110 cm, а дебелината од 15-20 cm во зависност од позицијата и падот на теренот.
По оплатирањето и армирањето, сами го работевме и бетонирањето. Се разбира си нарачавме бетон што пристигна во камион-бетономешалка затоа што не беше воопшто рационално и исплатливо сами да го мешаме. За сите тротоари околу куќата потрошивме 8 m3 бетон со марка МБ30. Еве како работевме:

Оплатирање на тротоарите со широчина од 110 cm.

Оплатирање на тротоарите со подолжни летви и колци за фиксирање на летвите.

Ископ до потребната длабочина и широчина и нивелирање на ископот со васер-вага.

Поставување чакал за подобрување на носивоста на тлото.

Поставена арамтура во два правци.

Арматура и напречни летви за добивање фуги. Она што е замоткано со кеса е PVC цевка за одвод на атмосферските води од вертикалните олуци во канализација.

Арматура и напречни летви за добивање фуги.

Арматура и напречни летви за добивање фуги. Бидејќи вертикалните ѕидови на куќата се обложени со битуменски траки за хидроизолација, тие во исто време делуваат како фуга и го одвојуваат тротоарот независно од објектот.

Се е спремно за бетонирање.

Избетониран и извибриран тротоар кај влезните скали. Се забележува одвојување на тротоарот од претходно изведените скали со стиропор со дебелина од 1 cm.

Избетониран тротоар и цевка за олук што поминува под тротоарот.

Избетониран тротоар. Се гледа дека напорно работевме, па не фати мрак.



