header image

Обложување на кровот (DIY)

Posted by: sskuka | 10 февруари 2012 | 2 Comments |

Во текот на октомври и ноември 2011 работевме на обложување на кровот на поткровјето. Во овој случај работата ја изведувавме сами, без да ангажираме мајстори. Затоа и овој запис е ок серијата „направи сам“ (do-it-yourself, DIY).

Обложувањето го работевме со поставување топлинска изолација на просторот меѓу дрвените рогови на кровот. Истата ја прицврстувавме во потребната положба со палена жица поставена цик-цак меѓу роговите. Под нив поставивме гипсени плочи. На ваков начин се доби корисен простор од околу 60 m2 кој би го користеле за привремено складирање одредени работи.

Изолацијата е од минерализирани стаклени влакна од типот Knauf Insulation Classic 040, со дебелина од 5 cm. Гиспените плочи се стандардни Knauf со дебелина од 12.5 mm. Еве како изгледаше процесот на работа.

Поставување алу-профили на подот и роговите за оформување на ивиците. Во одредени места се вградени кабли за електрична исталација т.е. осветлување на просторот.

Поставување алу-профили на подот и роговите за оформување на ивиците.

Оформување на ивиците со рамка од профили.

Поставување топлинска изолација меѓу роговите. Се забележува и жицата која ги фиксира ролните за изолација.

Поставување топлинска изолација на плочата за просторот што нема да се користи поради нискиот кров.

Поставување гипс картон со штрафење на дрвени рогови. На места каде има денивелација меѓу роговите се поставуваа алу-профили за да се добие рамна површина.

Изглед на обложена кровна површина.

Изглед на кровна површина со и без облога.

Изглед на обложена кровна површина. Дрвените греди и столбови ќе останат без облога. Планот е да се избајцуваат во фина светло-кафена боја.

Изглед на обложена кровна површина. Вертикалниот ѕид кај косината на кровот е со висина од околу 30 cm што обезбеди огромно искористување на просторот. Е, да тешко ни беше да го постигнеме, бидејќи се работеше со лежење во тесен простор.

under: Некатегоризирано

Responses -

Dobar den, davajki go ovoj komentar se nadevam deka investitorot na gradbata nema pogresno da me svati. Gradbata e prekrassna i skoro sovrsena. Najverojatno poradi nedovolno informacii od strana na snabduvacite na materijalite ima nekoi propusti:
- nema parna brana ili aktivna parna brana pod termoizolacijata.
- krovnata membrana Veltitech ne e parapropusna membrana tuku parna brana. razlikata e vo toa sto parapropusnata membrana propusta 3000gr/m2 parea za 24casa, dodeka veltitekot okolu 5-15gr parea na m2.
- temelnata hidroizolacijata ne e zalepena ili povrzana so zidnata(barem taka izgleda gledajki gi slikite) zatoa protekuvanjeto voda vo podrumot pomegu temelite i zidovite.
Imam i nekoi drugi zabeleski no mozebi e podobro da ne gi iznesuvam bidejki kukata e veke gotova i nema nazad. pozdrav i so sreka

Здраво Данчо,

Благодарам за коментарите. Секоја забелешка е добредојдена и сметам дека секој што има било каков коментар, треба да се изнесе. Ако не за друго, доколку станува збор за пропуст, некој друг да ја избегне истата грешка.

Би сакал да одговорам на горенаведените забелешки.

- Точно е дека под термоизолацијата нема парна брана. Со оглед на тоа што поткровјето не е наменето за живеење, истото нема да се загрева. Покрај термоизолацијата на кровот, ќе биде поставена и термоизолација на подот, па со тоа ќе се докомплетира топлинската изолација.
- Според информацијата на страната на Bramac, Veltitech има паропропусна моќ од 1200 gr/m2 за 24 часа (http://www.bramac.mk/produkte/dachzubehoer/unterspannbahn/bramac-veltitech-120.html).
- Темелната хидроизолација во вид на битуменски траки е поставена само под подната плоча во подрумот. Во контактот плоча – подрумски ѕидови изведена е хидроизолација со премаз на база на цемент. Ова не е најдобро решение, меѓутоа со оглед на тоа што темелната конструкција е изведена како темели самци со поврзни греди, практично неизводливо беше да се врши обвивање на хидроизолацијата со траки под темелите и да се залепи со онаа на ѕидовите. Темелите и ѕидовите се бетонирани со додаток за водонепропусност. Подрумските ѕидови се облепени со битуменски ленти спуштени до темелната конструкција.
Но, присуството на вода во подрумот не се должи целосно на ова ‘несовршено’ поврзување. Имено, откога се пронајде изворот на вода во подрумот при еден пороен дожд, откривме дека при фаза на бетонирање на подрумските ѕидови не е извршено добро вибрирање на делот каде што се јавува изворот. Ова значи дека, под еден од жилетите кои служат за поврзување на оплатата на ѕидовите, дали поради поголемо зрно агрегат или поради лошо вибрирање, едноставно во пречник cca 2×2 cm, нема бетонска маса. На некој начин останал празен простор/продор низ ѕидот, а надворешната изолација не била во можност ова да го спречи, можеби и поради лошо лепење на ова место.
Како и да е, водата се појавуваше само при јаки поројни дождови, а ова се должеше и на фактот дека во тоа сливно подрачје од кровот немаше хоризонтални олуци, туку поради прекршувањата на кровот, голем дел од водата на кровната површина се слеваше токму над проблематичното место. Кога се поставија олуците, а згора на тоа и се наби полнетицата околу ова место, па се изведe а.б. тротоари, вода повеќе не се јави ниту при поројни дождови, ниту при снег (особено ланскиот, кој го имаше во преку 50 cm).

Leave a response -

Your response:

Categories