header image

Ограда за тераси (DIY)

Posted by: sskuka | 19 април 2013 | No Comment |

Со доаѓањето на убавото време, читај сончево и погодно за работа, еве не повторно пак во акција.

На ред дојдоа оградите за надворешните тераси. Во консулации со нашиот драг колега архитект, дојдовме до заедничко решение за изгледот на оградите. Визуелниот стил го нарековме ‘чипка’. Станува збор за релативно филигранска изработка, затоа што се состои од многу кратки елементи. Оградите ги изработивме од клепани челични правоаголни и квадратни профили со димензии 20×40 mm и 10×10 mm. Заварувањето беше макотрпен процес, бидејќи сите кратки елементи требаше успешно да се спојат за да се добие посакуваниот облик. За ова, особено му благодариме на ‘мајсторот’. Оградите се прекриени со заштитна обвивка од миниум кој беше нанесен со шприцање. Обоени се во сјајна црна боја. Во прилог погледнете го процесот на изработка и крајниот резултат на нашата ‘чипка’.

Проектирање на оградата

Поставување на основата

Поставување на основата

Дополнително вкрутување во средина

Се наѕира обликот

Првите дијагонали се заварени

Дел од спротивните дијагонали се поставени

Конечен изглед на кусите огради

Конечен изглед на подолгата ограда

under: Некатегоризирано
Tags: , , , , , ,

Со мало задоцнување (оправдано се надевам :0), објавувам нов запис на блогот. Лепевме плочки во кујната и купатилата, а оваа активност се одвиваше во периодот од 2-15 мај 2012 год.

Пред лепењето, сите површини на кои беше предвидено поставување плочки беа исчистени од прашина и се премачкаа со хидроизолација. За хидроизолација користевме премаз на цементна основа Хидромал-флекс, производ на Адинг. Премазот го нанесовме во 3 слоја, а на некои површини и 4 слоја. За ова потрошивме 4 комплети од хидроизолацијата (доаѓаат во 2 компоненти, А-сив прашок и Б-бела течност) со по 5 kg од секоја или вкупно 40 kg. Ова го изведовме сами (DIY) и со тоа заштедивме околу 100 ден./m2 колку што чини работна рака за премачкување хидроизолација.

Плочките ги набавивме од IRIS керамика и главно доминира белата боја. При лепењето се тежнееше да нема фуги, односно да се фугира само она минимално растојание меѓу плочките кои беа поставени слепени една до друга. Лепењето се одвиваше со лепак за плочки Ceresit C-11. Лепакот се испорача во вреќи од 25 kg, добро затворени кои спречуваат создавање прашина при истоварот (освен ако не се скине вреќата). Вкупно потрошивме 925 kg лепак за околу 100 m2 плочки, што значи потрошувачка од околу 9 kg/m2. Производителот на лепакот, Henkel, на самата вреќа пропишува потрошувачка од 1,7-3,3 kg/m2 за слоеви со дебелина од 3-8 mm. Ова особено го потенцирам за сите оние што ги планираат трошоците околу лепакот. Сепак не излегува есапот како што пишува во спецификацијата.

За фугирање користевме фуга Ceresit CE-40 Aquastatic, која беше спакувана во пластични канти од по 2 kg. Тоа е прашкаст материјал што се меша со вода во соодветен размер. Употребивме фуги во зависност од изгледот на плочките со следниве бои: бела, сива и јасмин.

Подните и ѕидните плочки се поставуваа на идентичен начин. Најпрво се лепеа ѕидните плочки, а потоа подните. На сите остри прекршувања се поставија метални лајсни во сива боја со дискретна форма. Лајсните беа производ на Минера ко.

Еве некои слики од процесот на лепење плочките.

Машина за сечење плочки

Машина за сечење плочки

Лепак Ceresit CM-11

Подготовка на лепак со машинско мешање во пластични канти. Лепакот се меша со вода во пропишан размер.

Пред започнување со лепење, се поставува нивелир на ѕидот. Практично се почнува со лепење на вториот ред плочки, гледајќи од подот кон таванот.

Нанесување лепак на ѕидот со глетарка.

Обликување на лепакот со назабена глетарка.

Нанесување лепак на плочка.

Лепење плочки на ѕидот веднаш над нивелирот.

Порамнување на плочките.

Формирање отвор во плочка со сечење. Се прават засеци на задната страна на плочката на местото каде е предвиден отворот.

Потчукнување на плочката со клешта за плочки од предната страна на засеците. Ова се прави за да се направи отвор во кој ќе влезе клештата.

Внимателно отворање на кружен отвор со клешта.

Формирање кружен отвор со клешта.

Поставување плочка со отвор на предвиденото место.

Напредување во лепењето.

Маса за фугирање Ceresit CE-40.

Финален изглед на просториите во кои лепевме плочки.

Гостинско WC.

Бања.

Туш во бањата.

Утилити.

Кујна.

under: Некатегоризирано

Корекција на тераси (DIY)

Posted by: sskuka | 19 јуни 2012 | 3 Comments |

Бидејќи терасите беа замислени да бидат во форма на лак, а при изведбата излегоа неправилни, се решивме и тие да добијат правоаголна форма. На тој начин и овие француски тераси поубаво ќе се вклопат во обликот на самиот објект.

За таа цел, корекцијата ја направивме со свои сили. Истата се состоеше од бушење анкерни прачки во постоечките конзолни тераси, оплатирање на терасите и бетонирање. Контактот стар-нов бетон (како и кај претходните постови со корекции) го направивме со назабување (штемање) на стариот бетон и премачкување со Врска-У. Бетонирањето го изведовме со цемент и ситен песок, а се разбира бетонот го вибриравме. Единствено се намачивме со пренесување на бетонот од бетономешалката до терасите, кое се состоеше во рачен транспорт со кофи. На овој начин коригиравме 3 тераси.

Еве како изгледаше оваа корекција низ фотографии.

Постојна состојба на тераса. Се гледа колку неправилно е изведена.

Бушење отвори во терасата за анкери.

Набивање анкери во отворите.

Оплатирање на терасите по набивање на анкерите.

Оплата и потпори за стабилност.

Оплата и потпори за стабилност.

Оплата и потпори за стабилност.

Изглед на источната фасада.

Избетонирана тераса.

Завршна обработка на избетонирана тераса.

Финален изглед пред вадење на оплатата.

Финален изглед пред вадење на оплатата.

Финален изглед.

Финален изглед.

under: Некатегоризирано
Tags: , , , ,

Како и во претходниот запис, и во овој ќе се осврнам на процесот за корекција на надворешните скали. Се подразбира од самиот наслов, дека корекциите ги правевме сами.
Надворешните скали за влез во куќата, првично беа проектирани и изведени во форма на лак. Но, лакот на секој скалиник излезе многу лошо, не беше воопшто правилен, туку деформиран. Од друга страна, воочивме дека таквата форма на скали не одговара на ниту една друга форма на куќата. Таа се одликува со прави линии, правоаголни форми, кубуси. Затоа, предвидовме лаците да ги замениме со правоаголни скалила, односно постоечките скалила да бидат впишани во правоаголна форма.
За таа цел, процедурата за корекција беше слична како за внатрешните скали: кршење ивици на постоечките скали, оплатирање, армирање, премачкување со контакт, бетонирање, негување на бетонот. Резултатот на крај е повеќе од импресивен. За бетонирање потрошивме околу 1.5 m3 бетон, правен на лице место со мешалка. Еве како работевме:

Оплатирање на скалите (поглед од внатре кон надвор).

Оплатирање на скалите (поглед од внатре кон надвор).

Тука се гледа колку лошо всушност биле изведени скалите. Отстапувањето е најочигледно кога ќе се споредат левиот и десниот горен дел на оплатата.

Оплатирање и армирање на скалите (поглед од надвор).

Оплатирање и армирање на скалите (поглед од надвор).

Сите скали се оплатирани и поставена е дел од арматурата.

Сите скали се оплатирани и поставена е дел од арматурата.

Анкерната арматура се меѓусебно се заварува.

Анкерната арматура се меѓусебно се заварува.

Контактот на стариот со новиот бетон се подобрува со премачкување на „Врска-У“.

Контактот на стариот со новиот бетон се подобрува со премачкување на „Врска-У“.

Изглед пред бетонирање.

Изглед пред бетонирање.

Изглед пред бетонирање.

Изглед пред бетонирање.

Изглед по бетонирањето. Тука заглавивме до 23:30. Почнавме околу 18:00 часот.

Изглед по бетонирањето. Тука заглавивме до 23:30. Почнавме околу 18:00 часот.

Изглед по бетонирањето.

Изглед по бетонирањето.

Конечен изглед. (се гледа стариот и новиот скалник).

Конечен изглед. (се гледа стариот и новиот скалник).

Конечен изглед. Импресивно, нели?

Конечен изглед. Импресивно, нели?

Конечен изглед. Ептен ни се направи мерак со оваа корекција.

Конечен изглед. Ептен ни се направи мерак со оваа корекција.

Се прашувам, зошто порано не го направивме ова?!

Се прашувам, зошто порано не го направивме ова?!

under: Некатегоризирано
Tags: , , ,

Изминативе месеци, за време на викендите, работевме на низа корекции на бетонски работи, сите во сопствена режија. Во овој пост ги претставуваме корекциите на внатрешните скали меѓу дневната соба, трпезаријата и ходникот.

Имено, овие скали, кои поради денивелираност на дневната соба, беа поставени во форма на буквата „Г“, гледајќи во основа. Заради зголемување на функционалноста не преминот меѓу просториите, се решивме да изведеме закосување, па сега скалите, гледајќи во основа, се со закосена форма. Со тоа, се обезбеди непречено минување од ходникот кон трпезаријата и обратно, како и лесен пристап од скалите кои водат од катот кон трпезаријата.

Целиот процес беше релативно едноставен и вообичаен за ваков тип активност. Оплатирање, армирање и бетонирање. За ова потрошивме околу 3/4 m3 бетон и парчиња арматура што останаа од сите претходни работи. Арматурата беше анкерувана во постоечките скали, со набивање, и меѓусебно заварена. Врската меѓу стариот бетон и новиот се обезбеди со адитив од „Адинг“, Врска-У. Еве како изгледаше процесот низ фотографии.

Оплатирање и анкерување на арматура во постоечките скали

Комплетна оплата и арматура. Тука се забележува практичен приод во обезбедување стабилност на оплатата. Таа во исто време е заварена за арматурата.

Комплетна оплата и арматура.

Дополнителна стабилизација за оплатата.

Подготовка на врска меѓу стариот и новиот бетон со „Врска-У“ (1 дел „Врска-У“, 2 дела вода и 3 дела цемент.

Премачкување на стариот бетон со „Врска-У“.

Избетонирани скали. Полнењето беше рачно со количка и лопата.

Избетонирани скали.

Финален изглед по отстранување на оплатата (после 7 дена).

Финален изглед по отстранување на оплатата. Посебно сме горди на острите рабови.

Финален изглед. Поглед од дневна кон трпезарија.

under: Некатегоризирано

Тротоари околу куќата (DIY)

Posted by: sskuka | 10 февруари 2012 | 4 Comments |

При крајот на ноември 2011 повторно во сопствена режија работевме на оплатирање, армирање и бетонирање заштитни тротоари околу куќата. Како што се гледа и од насловот, ова е уште една епизода од повторно серијалот „направи сам“.

Бидејќи при градењето на куќата останаа арматурни прачки со различна должина и димензија на напречниот пресек, а заради економичност при градбата, решивме да ги искористиме за армирање на тротоарите. Затоа на некои слики ќе видите неправилни геометриски форми на арматурата поставена во двата правци. На местата каде што имаше потреба поставивме постелка од чакал на претходно добро набиено тло од глиновито-песоклива почва.

Широчината на тротоарот од куќата изнесува 110 cm, а дебелината од 15-20 cm во зависност од позицијата и падот на теренот.

По оплатирањето и армирањето, сами го работевме и бетонирањето. Се разбира си нарачавме бетон што пристигна во камион-бетономешалка затоа што не беше воопшто рационално и исплатливо сами да го мешаме. За сите тротоари околу куќата потрошивме 8 m3 бетон со марка МБ30. Еве како работевме:

Оплатирање на тротоарите со широчина од 110 cm.

Оплатирање на тротоарите со подолжни летви и колци за фиксирање на летвите.

Ископ до потребната длабочина и широчина и нивелирање на ископот со васер-вага.

Поставување чакал за подобрување на носивоста на тлото.

Поставена арамтура во два правци.

Арматура и напречни летви за добивање фуги. Она што е замоткано со кеса е PVC цевка за одвод на атмосферските води од вертикалните олуци во канализација.

Арматура и напречни летви за добивање фуги.

Арматура и напречни летви за добивање фуги. Бидејќи вертикалните ѕидови на куќата се обложени со битуменски траки за хидроизолација, тие во исто време делуваат како фуга и го одвојуваат тротоарот независно од објектот.

Се е спремно за бетонирање.

Избетониран и извибриран тротоар кај влезните скали. Се забележува одвојување на тротоарот од претходно изведените скали со стиропор со дебелина од 1 cm.

Избетониран тротоар и цевка за олук што поминува под тротоарот.

Избетониран тротоар. Се гледа дека напорно работевме, па не фати мрак.

under: Некатегоризирано

Обложување на кровот (DIY)

Posted by: sskuka | 10 февруари 2012 | 2 Comments |

Во текот на октомври и ноември 2011 работевме на обложување на кровот на поткровјето. Во овој случај работата ја изведувавме сами, без да ангажираме мајстори. Затоа и овој запис е ок серијата „направи сам“ (do-it-yourself, DIY).

Обложувањето го работевме со поставување топлинска изолација на просторот меѓу дрвените рогови на кровот. Истата ја прицврстувавме во потребната положба со палена жица поставена цик-цак меѓу роговите. Под нив поставивме гипсени плочи. На ваков начин се доби корисен простор од околу 60 m2 кој би го користеле за привремено складирање одредени работи.

Изолацијата е од минерализирани стаклени влакна од типот Knauf Insulation Classic 040, со дебелина од 5 cm. Гиспените плочи се стандардни Knauf со дебелина од 12.5 mm. Еве како изгледаше процесот на работа.

Поставување алу-профили на подот и роговите за оформување на ивиците. Во одредени места се вградени кабли за електрична исталација т.е. осветлување на просторот.

Поставување алу-профили на подот и роговите за оформување на ивиците.

Оформување на ивиците со рамка од профили.

Поставување топлинска изолација меѓу роговите. Се забележува и жицата која ги фиксира ролните за изолација.

Поставување топлинска изолација на плочата за просторот што нема да се користи поради нискиот кров.

Поставување гипс картон со штрафење на дрвени рогови. На места каде има денивелација меѓу роговите се поставуваа алу-профили за да се добие рамна површина.

Изглед на обложена кровна површина.

Изглед на кровна површина со и без облога.

Изглед на обложена кровна површина. Дрвените греди и столбови ќе останат без облога. Планот е да се избајцуваат во фина светло-кафена боја.

Изглед на обложена кровна површина. Вертикалниот ѕид кај косината на кровот е со висина од околу 30 cm што обезбеди огромно искористување на просторот. Е, да тешко ни беше да го постигнеме, бидејќи се работеше со лежење во тесен простор.

under: Некатегоризирано

Оној кој сака да се загрее во староста, мора да изгради камин во младоста.
Германска поговорка

Во периодот од 24-25 јули 2011 започнавме да го градиме огништето-каминот. Предвидовме истото да може да се користи и за затоплување на куќата преку централниот систем за парно греење. Заради тоа, во внатрешноста и по височината на оџакот се постави грејно тело (систем од цевки) низ кои циркулира вода. Таа се загрева од огништето и е поврзана со системот за греење (парно). На тој начин се заменува постоечкиот котел за греење и каминот освен за пријатна атмосфера ќе се искористи и за греење.
Целокупната опрема е направена рачно и изведбата е од проверен и препорачан мајстор. Ова значи дека не купивме готово тело од продавница туку тоа е специјално направено за овој облик на камин. Обѕидувањето и обликувањето на каминот е со полна тула и завршен малтерај. Декорирањето го оставивме за понатаму кога добро ќе осмислиме што сакаме. Грејното тело има капацитет од 30 l вода, а каминот загрева површина од околу 250 m2.
За изведба на каминот потрошиме 340 полни тули, 0.8 m3 песок, 200 kg портланд цемент од Titan и околу 10 kg огноотпорен цемент од АД РИОМ „Црвена Ѕвезда“ Пехчево („Бомекс рефрактори“).

Еве како изгледаше градењето на каминот низ фотографии.

Основна форма на каминот и прва плоча.

Основна форма на каминот и прва плоча.

Отвор на каминот со грејно тело во позадина.

Отвор на каминот со грејно тело во позадина.

Отвори на каминот. Долу: цевка за поврзување со инсталацијата за парно греење. Горе: отвор за испуштање топол воздух во просторијата.

Отвори на каминот. Долу: цевка за поврзување со инсталацијата за парно греење. Горе: отвор за испуштање топол воздух во просторијата.

Ѕидање на оџакот.

Ѕидање на оџакот.

Изглед од страна.

Изглед од страна.

Грејно тело во оџакот со цевка за испуштање на воздух при полнење на телото со вода.

Грејно тело во оџакот со цевка за испуштање на воздух при полнење на телото со вода.

Изглед на каминот пред малтерисување.

Изглед на каминот пред малтерисување.

Изглед на каминот по малтерисувањето и подготовка на дрва за пробно палење.

Изглед на каминот по малтерисувањето и подготовка на дрва за пробно палење.

Мерак!

Мерак!

Поглед кон каминот од трпезаријата

Поглед кон каминот од трпезаријата

Поглед кон каминот од дневната соба.

Поглед кон каминот од дневната соба.

under: Некатегоризирано

За да влијаеме барем малку кон екологијата на нашата земја и да придонесеме кон поубава средина за живеење решивме да го искористиме парчињата од блоковите Isospan што останаа по градење на куќата. Ова не е вообичаена процедура во градежништвото и обично овој материјал се третира како отпад (шут) и во најдобар случај завршува во регуларна, а често на дива депонија. Ние на некој начин извршивме рециклирање и го употребивме како подлога за надворешната тераса.
Имено, на источната страна од куќата предвидена е отворена тераса со димензии 7×5 m, подигната од теренот за 50 цм и целосно обиколена со скали со кои се комуницира со дворот. Најпрво, изведовме цокле (а.б. ѕидче) до предвидената височина. Истото го исполнивме со земја која ја набивме механички. Бидејќи ја оставивме непокриена скоро 1 година, земјата дополнително се наби по природен пат со помош на дождовите и снегот. Над земјата поставивме најлон за да оневозможиме земјата да ја впие водата при бетонирањето. Над најлонот ги поставивме остатоците од Isospan. На ваков начин ја подготвивме подлогата за а.б. плоча, односно го заменивме вообичаениот слој од „посен“ бетон. Над нив поставивме арматура и на крајот ја избетониравме плочата. Бидејќи терасата е со голема површина и лежи на земја, а заради намалување на евентуалните деформации во средината, поставивме и две а.б. греди.

Оваа позиција ја изведовме со принципот DIY (do-it-yourself), односно „сам свој мајстор“. Најлонот што го искористивме беше зачуван од тулите за преградните ѕидови и од малтерисувањето во куќата. Подлогата беше од остатоци од блоковите. Арматурата беше искористена од прачки што останаа вишок при градбата. Единствено нарачавме готов бетон за бетонирање и потрошивме 5 m3. Горната површина ја оставивме погрубо обработена, за да се оствари подобар контакт со завршниот слој кој ќе го даде финалниот лик на терасата.

Подготовка на арматура за гредите

Подготовка на арматура за гредите

Подготовка на арматура за гредите

Подготовка на остатоците од Isospan

Подготовка на арматура за гредите

Редење на блоковите како подлога пред армирање

Подготовка на арматура за гредите

Финален изглед со поставена арматура пред бетонирање

Подготовка на арматура за гредите

Натопување на блоковите со вода пред бетонирање

Подготовка на арматура за гредите

Избетонирана тераса

Подготовка на арматура за гредите

Доказ за погодност на Isospan-от за живеење

На наше големо изненадување ова гнездо го најдовме меѓу купот остатоци од блоковите. Тоа покажува дека материјалот е природен и погоден за живеење.

under: Некатегоризирано
Tags: , , , ,

На 8 мај 2011 го изработивме слојот за израмнување на подните површини во куќата или народски кажано „кошулка“. Овој слој има неколку функции, и тоа служи како заштита на инсталациите спроведени на подот, ја израмнува и нивелира подната површина со што се врши подготовка за вградување на подовите, има термоизолациона и акустична улога. Вообичаено се изведува со дебелина од 3-4 cm, но во зависност од подлогата може да достигне дебелини од 5-8 cm. Ако мајсторите што ја бетонирале плочата биле способни да изведат хоризонтална плоча, тогаш ќе поминете со помала дебелина. Во спротивно, ќе мора да се изведе дебела кошулка, што непотребно создава товар на конструкцијата, а во некои случаи заради неговата дебелина мора да се армира за да не испука. Затоа, добро внимавајте на нивелирањето при поставување оплата за армирано-бетонските плочи. Најдобро е да се изведе со помош на геодетски снимки, ласерска техника или стариот добар „вагрес“.

Се одлучивме за стандардна цементна кошулка. Постојат и други варијанти, но ценовно беа далеку поскапи од оваа. Кошулката се изработува како „пливачки под“. Тоа значи дека се одвојува од постоечката конструкција (плочи, ѕидови) со помош на лесни и меки материјали. Тоа најчесто се прави со стиропор (или варијанти од експандиран или екструдиран полистирен). Нивната дебелина може да биде различна, во зависност од условите во објектот. Кај нас поставивме 2 слоја плочи од „Усјепор“ со дебелина од 1 cm водејќи сметка за преклопот на двата слоја. Над него се поставува најлонска фолија врз која се изведува слојот кој претставува мешавина од цемент, ситен песок, вода и додатоци. Оваа смеса е доста „сува“ (има низок водоцементен фактор) што овозможува добра обработка. Во сместата обично се додаваат додатоци за микро армирање што во овој случај се направи со стаклени влакна. Смесата се распределува до измерената височина, нивелира и мазни со долги летви и мистрии, за на крај да се набие и порамни со т.н. „хеликоптерки“. Вкупно потрошивме 1900 kg цемент и 6.5 m3 песок. Тоа значи дека просечно потрошувачката е 11 kg/m2 цемент и 69 kg/m2 песок.

Еве како изгледаше овој процес низ фотографии.

Машина за подготовка на смеса за кошулка. Компресорот во ТАМчето е за воздух со кој се пупма смесата низ цревата

Машина за подготовка на смеса за кошулка. Компресорот во ТАМчето е за воздух со кој се пупма смесата низ цревата

Цемент и стиропор

Цемент и стиропор

Цемент и песок

Цемент и песок

Поставување стипорор на подовите

Поставување стипорор на подовите

Поставување стипорор на подовите

Поставување стипорор на подовите

Поставување најлон над стипоророт

Поставување најлон над стипоророт

Поставување најлон над стипоророт

Поставување најлон над стипоророт

Два слоја стипорор и најлон над нив

Два слоја стипорор и најлон над нив

Мешање на состојките за кошулката и додавање стаклени влакна за микро армирање

Мешање на состојките за кошулката и додавање стаклени влакна за микро армирање

Триножно столче преку кое се истура смесата на подот

Триножно столче преку кое се истура смесата на подот

Триножно столче преку кое се истура смесата на подот

Триножно столче преку кое се истура смесата на подот

Маркирање на височината на кошулката. Претходно е означен ѕидот со вагрес

Маркирање на височината на кошулката. Претходно е означен ѕидот со вагрес

Смеса на подот. Едно чудо мали брда и планини :-)

Смеса на подот. Едно чудо мали брда и планини :-)

Распределување на смеса на подот

Распределување на смеса на подот

Рамнење на смесата со летва

Рамнење на смесата со летва

Рамнење и мазнење на смесата со летва

Рамнење и мазнење на смесата со летва

Папучи за одење над израмнетата површина

Папучи за одење над израмнетата површина

Набивање и мазнење со хеликоптерка

Набивање и мазнење со хеликоптерка

Набивање и мазнење со хеликоптерка

Набивање и мазнење со хеликоптерка

При набивањето и мазнењето се додава вода по потреба

При набивањето и мазнењето се додава вода по потреба

Формирање на ивици

Формирање на ивици

Оставање фуги во кошулицата за спречување на појава на пукнатини. Прво со мистрија

Оставање фуги во кошулицата за спречување на појава на пукнатини. Прво со мистрија

После со нож

После со нож

Сечење со нож

Сечење со нож

Финален изглед

Финален изглед. Различна височина на кошулката на површини со различна подна облога. Во случајов левата соба ќе се обложи со паркет, а десната со ќерамички плочки.

Финален изглед

Финален изглед

Финален изглед

Финален изглед

under: Некатегоризирано
Tags: , , , , ,

Помеѓу 9 и 17 април 2011 за време на викендите во сопствена режија ја изведувавме оградата за внатрешните скали. Набавивме потребен материјал и со свои сили создадовме дело што одамна го замисливме. Се одлучивме оградата да биде во вид на ѕидче врз која ќе се постави дрвен ракофат. Оградата ја изведовме од гипс картонски плочи на Knauf со дебелина 12.5 mm. Во исто време дел од оградата за скали служи како ѕид за одвојување на приземјето од подрумот. Во овој дел поставивме и минерална волна за топлотна изолација на приземјето од подрумот. Сепак подрумот нема да се загрева и беше потребно негово изолирање од останатиот дел од куќата. Оградата ќе се глетува заедно со останатиот дел од куќата во финалната фаза пред вселување. Еве како изгледаше овој процес.

Поставувување профили за гипс карот врз челична конструкција за ограда

Поставувување профили за гипс картон врз челична конструкција за ограда во приземјето

Поставувување профили за гипс карот врз челична конструкција за ограда

Поставувување профили за гипс картон врз челична конструкција за ограда во приземјето

Поставувување профили за гипс карот врз челична конструкција за ограда

Поставувување профили за гипс картон врз челична конструкција за ограда на катот

Обложување со гипс картон

Обложување со гипс картон

Поставувување минерална волна за топлинска изолација

Поставувување минерална волна за топлинска изолација

Изглед на оградата и скалите со поглед кон подрумот и катот

Изглед на оградата и скалите со поглед кон подрумот и катот

Изглед на оградата и скалите со поглед кон катот

Изглед на оградата и скалите со поглед кон катот

Изглед на оградата и скалите со поглед кон приземјето и катот

Изглед на оградата и скалите со поглед кон приземјето и катот

under: сешто
Tags: , , , , ,

Во периодот меѓу 6 и 20 април 2011 работевме на поставување инсталации за греење и затоплување на санитарна вода со сончева енергија (колекторски систем). Во оваа фаза се поставуваа цевки за спроведување на топла и студена вода од разделните орманчиња до радијаторите и од орманчињата до “машинската соба”. Таа ќе се наоѓа во подрумот и ќе ги содржи сите елементи потребни за функционирање на системот за греење. Засега одлучивме котелот за загревање да биде на електрична енергија, но оставивме можност во системот да може да се приклучи и котел на друг вид енергија. Во оваа фаза (пред поставување кошулка на подовите) се поставуваа основните елементи: орманчиња, ПВЦ цевки, заштита, разделници, инсталација за приклучување камин во системот за греење и сл.
За затоплување на вода која ќе се користи во купатилата и кујната поставивме инсталации за колекторски систем како и самите колекторски панели. Инсталацијата се состои од бакарни цевки и сигнален кабел спроведени од подрумот до кровот. Соларните панели се поставени во рамнина со кровната површина. Се одлучивме за систем што ќе овозможи затоплување на 200 литри вода. Еве како изгледаше монтажата на елементите низ фотографии.

ббб

ПВЦ заштитни ребрести црева за цевките за греење

ббб

ПВЦ цевки за инсталација за греење и бакарни цевки за соларни панели

ббб

Разделно орманче за инсталацијата. Се поставија по едно на секој кат

ббб

Обележување позиција за разделно орманче

ббб

Поставено разделно орманче на катот. Обично се вградуваат во ѕидот, но во овој случај визуелно ќе биде затворено со конструкција. Тука се гледаат и отворите низ плочата каде ќе минуваат бакарните цевки за колекторите

ббб

Цевки за спроведување вода од/до радијаторите

ббб

Пополнето орманче со цевки. Тука е вградено во ѕидот

ббб

Соларен панел

ббб

Подготовка на рамка за соларните панели

ббб

Инсталација на цевки за соларните панели

ббб

Инсталација за поврзување камин со систем за греење

ббб

Калај за лемење бакарни цевки

ббб

Лемење на бакарни цевки

ббб

Топлинска заштита околу бакарните цевки

ббб

Изглед на соларните панели на кровот

under: сешто
Tags: , ,

Older Posts »

Categories